Халанд добива страшна понуда – ќе стане најплатен во европскиот фудбал!


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд веќе неколку сезони игра врвен фудбал и е предводник на нападот на Манчестер сити.

„Граѓаните“ поради тоа не сакаат да се доведат во ситуација да го загубат Халанд, па поради тоа ќе му го продолжат договорот.

Норвежанецот постигна дури 105 голови на 114 настапи за „граѓаните“, а премиерлигашот му подготвува страшен договор.

Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер сити сака да го направи Халанд најплатен во европскиот фудбал, а притоа да му вметне откупна клаузула вредна 200 милиони евра.