Халанд донесе одлука за иднината: Ќе возам трактор, ќе чувам крави…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд има само 21 година и сега е на почеток на кариерата, но ѕвездата на Борусија Дортмунд веќе знае што ќе прави во пензија.

Халанд е млад и талентиран, па привлече интерес од многу европски гиганти, а долго време се шпекулира дека ќе потпише за Реал Мадрид.

Овој 21-годишен фудбалер руши рекорди во дресот на Дортмунд, а најверојатно од следната сезона ќе полни мрежи во некоја друга европска лига.

Халанд во меѓувреме откри што ќе прави кога ќе заврши со кариерата и ги изненади неговите фанови.

„Ако е возможно, ќе се обидам да ја спуштам главата и да не мислам за ништо. А јас тоа го правам додека сум на фарма, додека возам трактор или хранам крави…“, вели Халанд.