Халанд е на слатки маки: На мечот против Ливерпул го следеле – 40 скаути!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ерлинг Халанд во моментов е еден од најбараните фудбалери во светот. Напаѓачот на Салцбург игра фантастично во дресот на австриската екипа, па веќе има неколку понуди за неговата иднина.

Колку младиот Норвежанец ја освои Европа покажува и фактот дека скаути од дури 40 клубови синоќа во Салцбург го гледале Халанд.

Иако не постигна гол, младиот фудбалер одигра добар натпревар и наскоро за него ќе почне борбата на трансфер-маркетот.

Норвежанецот сезонава одигра 22 меча во сите натпреварувања и има постигнато дури 28 голови и седум асистенции.

View this post on Instagram

4⃣0⃣ scouts…! ?

A post shared by Sky Sports (@skysports) on