Халанд го прекина молкот откако со топка го удри Габриел во глава (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ерлинг Халанд тврди дека не жали што ја фрлил топката во главата на Габриел откако Манчестер сити обезбеди драматично израмнување против Арсенал минатиот месец.

Голот на Џон Стонс во продолжението им донесе на домаќините бод во мечот од Премиер Лигата на „Итихад“.

Халанд потоа ја зеде топката и ја фрли во одбранбениот играч на Арсенал, Габриел.

Норвежанецот инсистира, сепак, дека не би променил ништо за натпреварот.

„Тоа беше во жарот на натпреварот и многу работи се случија во тој натпревар“, објасни напаѓачот пред натпреварот на Норвешка во Лигата на нации против Словенија.

„Што се случува на фудбалскиот терен, се случува на фудбалскиот терен. Таков е начинот. Не жалам за ништо во животот.“

.