Халанд: Гвардиола е луд по фудбал и затоа го сакам!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англискиот првак Манчестер сити летово се засили со една од најголемите ѕвезди во светот во моментов, Ерлинг Халанд.

Халанд веднаш почна да ги тресе противничките мрежи, па веќе постигна два хет-трика во Премиерлигата, а исто така стигна и до бројката од 10 гола, па целосно ги оправда вложените пари.

„Мислам дека Пеп е еден од најлудите луѓе по фудбал. Двајцата живееме за фудбал. Имам впечаток дека мисли само на фудбалот и добро се вклопуваме, иако системот воопшто не е едноставен“, кажа Норвежанецот.

Халанд в среда ќе се соочи против неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони.