Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд ги поздрави навивачите по последниот домашен натпревар во 2021 година.
Борусија славеше во Дортмунд со 3-0 против Гројтер Фирт, а Халанд повторно ја затресе мрежата на противниците.
Меѓутоа, навивачите на Борусија се загрижени поради неговиот гест по крајот на натпреварот. Медиумите пишуваат дека тоа на некој начин е збогување со екипата.
Овој 21-годишен фудбалер долго време се задржа на теренот, го заобиколи цел терен и им се заблагодари на присутните навивачи на трибините.
Навивачите се загрижени со право бидејќи медиумите постојано пишуваат за негово заминување од екипата.
За него се борат најголемите тимови во Европа, иако некои сметаат дека за трансфер на Халанд мора да се платат високи 400 милиони евра.