Халанд испиша историја, па по мечот ги воодушеви навивачите на Фулам


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд постигна хет-трик против Фулам и така испиша историја и запиша уште еден рекорд во дресот на Манчестер сити.

Халанд стана првиот фудбалер на кој му биле потребни најмалку натпревари за да стигне до 50 гола во елитната англиска лига.

По натпреварот, Халанд привлече внимание и со изјавата за одлуките на судијата Мајкл Оливер. Тој го призна голот на Аке, иако Аканџи беше во офсајд, а тоа ги налути навивачите на Фулам.

„Мислам дека тоа беше офсајд. Се чувствувам лошо поради нашите ривали. И јас би бил гневен ако ни се случеше тоа“, кажа Халанд и ги воодушеви навивачите на Фулам.