Халанд испиша историја во Премиерлигата!


Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко - 17 ден ↓↓↓



Манчестер сити славеше кај Вулверхемптон со 3-0 во Премиерлигата, а еден од головите беше дело на Ерлинг Халанд.

Халанд во 16. минута постигна убав гол за водство на гостите од 2-0 и така испиша историја во Премиерлигата.

Норвешкото чудо од дете стана прв фудбалер во историјата на англискиот шампионат, кој постигнал гол на првите четири гостувања.

Халанд постигнуваше голови против Вест хем, Њукасл и Астон вила, а денеска ја затресе мрежата и против Вулверхемптон.

За него ова беше 11. гол во седум одиграни меча во Англија и се наоѓа на добар пат да стане најдобар стрелец сезонава.