Халанд испиша рекорд, па ги пецна „ѓаволите“: Требаше да дадеме повеќе голови! (Видео)


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



Манчестер сити славеше со 6-3 против Манчестер јунајтед во осмото коло од англиската Премиерлига, при што хет-трик постигнаа Ерлинг Халанд и Фил Фоден.

Халанд стигна до третиот хет-трик по ред во англиската Премиерлига и така испиша рекорд, а исто така кажа дека требало да му дадат повеќе голови на ривалот.

„Убаво беше да се игра во дербито. Во петокот се чувствуваше одлична атмосфера во соблекувалната и успеавме да славиме. Самодовербата ми е на високо ниво. Го загубивме второто полувреме и тоа воопшто не е добро, но сепак мислам дека можевме да постигнеме повеќе голови“, кажа Халанд.