Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд имаше интервју за „Телеграф“ во кое раскажа интересни детали од својот живот, но и за тоа како се чувствува кога излегува на фудбалскиот терен.
Најдобриот фудбалер на Манчестер сити е свесен дека не учествува премногу во акциите на неговите соиграчи, но тоа го користи за полесно да се позиционира и да постигнува голови.
„Секако дека можам да се спуштам подоле на теренот и да ја допирам топката. Сепак, наместо да стојам во нападот и да чекам топка, јас се движам во свој свет. Го напуштам телото и станувам зомби. Гледам наоколу и чекам шанса за гол. Секогаш го чекам вистинскиот момент за да настапам на сцена“, вели Халанд.