Халанд ја доби првата награда во Премиерлигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд урна неколку рекорди уште во првата сезона во англиската Премиерлига и почна да добива награди.

Напаѓачот на „граѓаните“ ја освои наградата „фудбалер на годината“ од Здружението на фудбалски новинари во Англија.

Халанд досега постигна 51 гол на 47 настапи за „граѓаните“ во сите натпреварувања и заслужено ја доби престижната награда.

За него гласале дури 82 отсто од новинарите и тоа е нов рекорд во изборот на спортското здружение.