Халанд ќе го напушти Дортмунд, ама само под еден услов!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд кажа дека планира да остане во клубот додека не му заврши договорот, кој трае до 2024 година.

Халанд во јануари пристигна во Дортмунд за „само“ 20 милиони евра, а од тогаш одигра 18 меча и постигна 16 голови. Норвежанецот во просек постигнува гол на секои 82 минути.

„Имам договор со Дортмунд до 2024 година, кој сакам да го испочитувам. Моја цел е да освојам титула со екипата и така да го прославам успехот со навивачите“, кажа фудбалерот.

Дортмунд нема освоено титула од 2012 година, а Баерн Минхен веќе осум сезони по ред е шампион во Бундеслигата.

„Имаме квалитет да бидеме шампиони, но тоа не е доволно. Баерн игра импресивно, а ние мора да продолжиме со напорната работа доколку сакаме резултати и успеси“, вели Халанд.