Халанд му објасни на тренерот колку голови постигна: Фавр доби урнебесен одговор ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија Дортмунд синоќа во гости победи со 5-2 против Херта, а најдобар фудбалер на мечот беше Ерлинг Халанд. Тој во второто полувреме постигна дури четири голови и уште еднаш потврди дека е гол машина.

Лусиен Фавр го замени својот најдобар фудбалер во 85. минута, а притоа Халанд мораше да му објасни колку голови постигна.

„Да бидам искрен, тренерот ме праша колку голови постигнав. Тој не знаеше. Ме праша постигна ли три гола, а јас му кажав: Само четири затоа што ме замени, па така сум вознемирен, но тоа е…“, објасни Халанд по натпреварот.