Халанд направи потег кој го остави Суарез без зборови 📸


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез утрово му го честиташе роденденот на својот син Бенџамин, а потоа откри дека за него има прекрасен подарок.

Суарез на својот син му подари дрес од Ерлинг Халанд, и тоа со посебна посвета. Норвежанецот го испратил дресот со својот потпис за синот на Уругваецот и му честиташе роденден.

Уругвајскиот напаѓач објави фотографија на Инстаграм како неговиот син позира со дресот на Халанд и му се заблагодари на напаѓачот на Дортмунд.

„Врвен фудбалер. Многу сум му благодарен што го посвети дресот на мојот син за роденден. Голем потег од него. Продолжи со одличните настапи“, напиша Суарез.