Халанд нема се заигра до крајот на јануари


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити остана без норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд, кој ќе паузира до крајот на јануари, а оваа информација ја потврди тренерот Пеп Гвардиола.

Гвардиола на прес-конференција пред натпреварот против Њукасл кажа дека Халанд има проблеми и мора да бидат внимателни со него.

„Да, тој има проблеми, па докторите решија да одмори уште некое време. Се надеваме дека до крајот на месецот ќе биде подготвен. Неговото отсуство се покажа подолго од што се очекуваше“, кажа Гвардиола.

„Граѓаните“ до крајот на месецот играат против Њукасл, Тотенхем и Барнли.