Халанд останува во Сити, но во 2027 година би можел да замине

Ерлинг Халанд ги извести своите претставници да го запрат секој разговор за можен трансфер. Норвешкиот напаѓач ова лето не сака да го напушти Манчестер Сити и планира да остане на Етихад.

Халанд има 26 години, а договорот со англискиот клуб му важи до летото 2034 година. Според Трансфермаркт, неговата пазарна вредност изнесува 200 милиони евра.

Сепак, 2027 година наводно ја смета за важен момент за нова проценка на својата иднина. Реал Мадрид и понатаму се споменува како една од можните дестинации за продолжување на неговата кариера, пишува шпанската „El Nacional“.