Халанд откри какви планови има за ова лето!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд во моментов е еден од најбараните фудбалери во светот, но нема намера да ја напушти Борусија Дортмунд ова лето.

Неколку клубови се заинтересирани занего, меѓу кои и ПСЖ, Реал Мадрид и Јувентус, но Халанд ќе остане во Дортмунд.

„Живеам во сегашноста. Само што дојдов во Дортмунд и во моментов не размислувам за заминување. Борусија е една од најголемите екипи во светот. Потпишав двегодишен договор и немам намера да ја напуштам. Сакам да постигнам големи резултати со нив“, кажа Халанд.

Халанд е член на Дортмунд од јануари годинава. За клубот одигра 14 натпревари во Бундеслигата и два во Лигата на шампиони, а притоа постигна 18 голови.