Халанд постигна два гола, па нервозен избега во соблекувалната 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвежанецот Ерлинг Халанд сезонава игра во неверојатна форма и поради тоа е привлечен за многу европски гиганти. Тој постигна два гола за Борусија Дортмунд против Келн (2-2), но погодоците беа доволни само за еден бод на неговиот тим.

Халанд беше нервозен поради ремито на Дортмунд, па избега директно во соблекувалната на „милионерите“ и така покажа дека тешко ги прифаќа лошите резултати на неговата екипа.

Чудото од дете со овој потег само ги активираше дополнително шпекулациите дека ќе си замине на лето од Борусија, а заинтересирани за него се неколку екипи, меѓу кои и шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.