Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Одличниот фудбалер Ерлинг Халанд си заминува од Борусија Дортмунд, каде што игра неколку сезони и постигна 86 голови и 23 асистенции на 89 меча.
Халанд доби богат договор од Манчестер сити, па пред да замине од Дортмунд реши да подели подароци на поранешните фудбалери во вредност од пола милион евра.
„Билд“ објави дека секој од неговите соиграчи добил Ролекс часовник, а цената на еден од нив изнесувала од 13.000 до 15.000 евра.
Часовниците кои ги подарил Халанд доаѓаат од Холандија во мали кутии и на секоја од нив се наоѓаат три фотографии од напаѓачот, додека специјални подароци имал и за останатите членови на екипата.
„Ми беше чест да го носам овој дрес. Во Дортмунд имавме незаборавни моменти, запознавме посебни луѓе, а да не зборуваме дека навивачите секогаш се нашиот 12. човек на теренот“, кажа Халанд.