Халанд, Рајс и Каиседо требало да потпишат за Манчестер јунајтед?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ова лето ангажира неколку засилувања, но игра ужасно на почетокот на новата сезона и ги разочара навивачите на премиерлигашот.

Поранешниот тренер на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер откри за кои фудбалери бил заинтересиран и требало да потпишат за гигантот.

Солскјер го сакал Ерлинг Халанд пред да дебитира за Салцбург, како и Деклан Рајс кој немало да го чини тимот како што го плати Арсенал, додека последно засилување требало да биде Мојсес Каиседо кој летово се пресели во Челси.