Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвежанецот Ерлинг Халанд на лето ќе биде мета на голем број гиганти, кои ќе се борат за неговиот потпис. Тој игра одлично во дресот на Борусија Дортмунд во која стигна пред една година од Салцбург за 20 милиони евра.
Долго време се шпекулира дека 20-годишниот фудбалер ќе го напушти Дортмунд ова лето, а притоа германскиот гигант ќе заработи повеќе од 100 милиони евра за неговиот потпис.
Халанд во последно време се поврзува со Барселона, но шпанска „Марка“ објави дека негова желба е да игра во дресот на Реал Мадрид.
Халанд, наводно, го контактирал неговиот агент Мино Раиола и му кажал дека сака да ја продолжи кариерата во Мадрид и дека не сака да ги разгледува останатите понуди.