Халанд сакаше да го задави судијата (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер сити одигра 3-3 против Тотенхем на „Итихад“ во Премиерлигата, но резултатот можеше да биде поинаков ако судијата не прекинеше напад на домаќините во финишот.

По прекршок врз Ерлинг Халанд, судијата реши да досуди прекршок, иако Норвежанецот продолжи со игра и испрати топка кон Џек Грилиш.

Грилиш имаше отворен пат кон голот на Тотенхем, меѓутоа судијата ја прекина акцијата и тоа посебно го налути Халанд кој му се развика на арбитарот.