Халанд се огласи по најавите дека ќе си оди од Борусија Дортмунд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд ги отфрли шпекулациите дека би можел да си замине од клубот по само шест месеци поминати во Дортмунд.

Норвежанецот се поврзува со трансфер во некој од големите европски клубови, но според најновите најави сепак нема ништо од тоа.

„Живеам во сегашноста. Штотуку пристигнав во Дортмунд и не размислувам за заминување.Дортмунд е еден од најдобрите клубови во светот, со нив потпишав долгогодишен договор и не мислам многу за мојата иднина“- изјави Халанд.