Халанд со коментар за заминувањето на ударната игла на Манчестер Сити


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд изјави дека неговиот тим до крајот на сезоната може да го освои ФА купот и да избори пласман во Лигата на шампионите.

Сити две кола пред крајот на Премиер лигата се наоѓа на четвртото место на табелата со 65 бодови, а „Граѓаните“ ќе играат против Борнмут и Фулам до крајот на сезоната во англиското првенство. Пред тоа, клубот од Манчестер на 17 мај ќе игра во финалето на ФА купот против Кристал Палас.

Не покажавме конзистентност во Премиер лигата, немавме доволно последователни победи како во претходните сезони. Изгубивме премногу натпревари. Кога ќе освоиш четири последователни титули во Премиер лигата, сите очекуваат и петта, а кога тоа не се случи, тогаш сезоната се смета за неуспех. Ние самите поставивме такви високи стандарди – изјави Халанд за BBC и додаде:

Беше ова тешка сезона, но можеме да ја завршиме со освојување на ФА купот и пласман во Лигата на шампионите – рече фудбалерот на Манчестер Сити.

Халанд истакна дека би сакал Манчестер Сити да го освои ФА купот и поради белгискиот фудбалер Кевин де Брујне, кој ќе го напушти англискиот клуб на крајот од сезоната.

Беше привилегија да играм со него. Ќе треба да пронајдеме некој кој ќе го наследи, но прашање е дали некој може да го замени. Би сакал Де Брујне да замине од нашиот клуб со пехарот од ФА купот – заклучи Халанд.

Фото: Принтскрин