Халанд со „петарда“ испиша нов рекорд за Манчестер сити! (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англискиот шампион Манчестер сити славеше против Лутон со убедливи 6-2 и се пласира во четвртфинале на натпреварувањето, а на теренот блесна Ерлинг Халанд.

Норвешкото чудо од дете не запира оваа сезона, а на мечот против Лутон постигна дури пет голови и стана прв фудбалер на „граѓаните“ по 1926 година кој успеал во такво нешто.

Халанд, исто така, стана прв фудбалер во историјата на премиерлигашот кој постигнал два пати по пет гола откако првпат тоа му успеа во меч од Лигата на шампиони.