Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Ерлинг Халанд е обвинет дека ѝ нанел „сериозна повреда на вратот и потрес на мозокот“ на жена во костим на маскотата на Манчестер Сити „Мунбим“, откако наводно ја удрил во текот на сликање пред победата на Сити со 1:0 против Саутемптон во октомври минатата година.
Таа тврди дека останала во шок по неочекуваните удари и го прашала колегата што ја удрило. Потенцира дека Халанд бил ослободен од вина во истрагата на клубот, а дека договорот не ѝ бил обновен. Во клубот работела како привремен вработен од минатиот јуни. Пријавата за напад ја поднела во полицијата.
Tomorrow’s front page: Haaland ‘Gave Alien Whiplash’ https://t.co/ra0PcHocUb pic.twitter.com/8UAtfptNMo
— The Sun (@TheSun) March 28, 2025
„Бев прилично вознемирена и плачев, главата ми се тресеше и мислам дека бев во шок. Подоцна сфатив дека дојде зад мене, ме удри во главата и потоа се потпре на мојата глава“, изјави во разговор за The Sun.