Халанд за драматичниот Гвардиола: Сакам кога урла по мене!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд беше прогласен за најдобар фудбалер од страна на Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Норвежанецот во првата сезона со „граѓаните“ постигна 52 гола на 53 настапи, а притоа ги освои Лигата на шампиони, Премиерлигата и ФА-купот.

Халанд за време на церемонијата кажа дека има одличен однос со тренерот Пеп Гвардиола, кој некогаш знае да ги изгуби нервите и да почне да вика по него сред натпревар.

„Добро прашање. Морам да признаам дека Пеп понекогаш е страшен, но и татко ми е таков. Тоа ми се допаѓа затоа што ме мотивира. Не можам да се пожалам“, вели Халанд.