Халанд застана пред камерите и се пожали: Клубот ми прави притисок за да донесам одлука!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерлинг Халанд постигна два гола во победата на Борусија Дортмунд против Фрајбург од 5-1, а по натпреварот норвешкиот напаѓач застана пред камерите и испрати порака до раководството на тимот.

Управата на Борусија сака Халанд да донесе одлука за новиот тим и тоа го налути 21-годишниот фудбалер.

„Во претходните шест месеци не сакав да зборувам за мојата иднина од почит кон тимот. Но, клубот почна да ме притиска да донесам одлука. Јас сакам да играм фудбал, но тие ме притискаат да донесам одлука за иднината. Тоа значи дека наскоро морам да одлучам. Јас не би сакал да решам сега. Ние сме во тежок период и сакам да се посветам на фудбалот“, вели Халанд.

Норвежанецот во дресот на Борусија досега во кариерата одигра 77 натпревари, а притоа постигна 78 голови.