Халанд знае каде сака да игра, но Рајола му прави проблеми!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерлинг Халанд на крајот на оваа сезона ќе го напушти тимот на Борусија Дортмунд, а неговиот менаџер Мино Рајола веќе имаше разговори со неколку клубови кои сакаат да го ангажираат.

Рајола во четвртокот имаше преговори со Барселона и Реал Мадрид, а потоа на ред дојдоа тимовите од АНглија, но шпански „АС“ смета дека Халанд сака да игра кај „кралевите“.

Иако Барселона сака да го ангажира, сепак финансиите би можеле да бидат проблем, а „АС“ пишува дека Халанд од самиот почеток сака да оди во Реал Мадрид, но во прилог не му оди тоа што го прави Рајола.

Рајола сака да се натпреваруваат клубовите со цената и на крајот да извлече што е можно повеќе пари, иако неговата цена е меѓу 150 и 175 милиони евра