Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешната гренслем-шампионка Симона Халеп доби суспензија од четири години поради употреба на недозволени супстанции.
Романската тенисерка беше позитивна на забранета супстанца на минатогодишниот Ју-Ес Опен, а потоа во мај беше обвинета и за неправилности во биолошкиот пасош.
Халеп е суспендирана од октомври 2022 година, а казната ќе трае до 2026 година, но Романката не се откажува и ќе бара правда.
„Продолжувам да тенирам и ќе направам сè што можам за да докажам дека не сум виновна, а потоа ќе се вратам на теренот“, кажа Халеп.
Романката во 2017 година беше прва на ВТА-листата, а го освои и Ролан Гарос во 2018 година.