Халил Озтурк потпиша нов договор со Охрид!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Раководството на Охрид продолжи со градење на моќна екипа во следната сезона во која сака да оствари подобар пласман, а денеска го продолжи договорот со Халил Озтурк, откако претходно потпиша со Крсте Андоновски, Иван Тасески, Наум Костов и Кристијан Димитриески.

Турскиот ракометар игра како среден бек, а во екипата на Охрид стигна од Металург, додека претходно кариерата ја градеше во Тото Спорт од Турција, но има настапувано и за Гецтепе и Национал лотарија од Турција.

Озтурк зад себе има 55 настапи за младинските селекции на Турција, а има и над 20 настапи за сениорската репрезентација и ќе биде еден од најважните ракометари на Охрид во следната сезона.