Хамес потпиша за Евертон, а Реал Мадрид со премиерлигашот постигна необичен договор!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Евертон потпиша со Хамес Родригез од Реал Мадрид, а иако се споменуваа различни суми, сепак премиерлигашот за искусниот фудбалер нема да плати ниту евро.

Договорот меѓу двата клуба бил сосема јасен. Евертон го добива Хамес, а Реал ќе добие одредена сума по следната продажба на фудбалерот.

Сепак, тоа од што се ослободи Реал е големата плата на Хамес. Тој со бонуси во Мадрид заработуваше околу 20 милиони евреа.

Очигледно и Хамес го заштитил Мадрид, па се откажал од 50 проценти од платата која ја имаше во Реал и во моментов најважно му е да игра фудбал.