Хамес Родригез повторно ќе игра во Европа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите колумбиски фудбалери Хамес Родригез е на добар пат да се врати во европскиот фудбал по неговиот настап на Копа Америка.

Колумбија стигна до финалето на Копа Америка каде што беше поразена од Аргентина, а Хамес ја предводеше до самата завршница.

Медиумите пишуваат дека Хамес го прекинал договорот со Сао Паоло и ќе се врати во Европа, каде што ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид.

Хамес последен пат играше во Европа во сезоната 2022/23 во Олимпијакос, но настапи само на 20 меча и постигна пет гола.