Хамилтон: Ферари се поправи, едвај ја чекам трката


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вечерва се вози трката за големата награда на Канада, а од пол позицијата ќе стартува Луис Хамилтон.

Возачот на мерцедес вчера беше најбрз на квалификациите и стигна до својата 53 пол позиција во кариерата. Хамилтон беше подобар од својот колега Нико Розберг, додека трет заврши Себастијан Фетел.

После квалификациите актуелниот шампион во Ф1 кажа дека неговиот последен круг не беше најдобар, но на крајот е задоволен од резултатот.

„Да бидам искрен тоа не беше добар круг. Немав исти ритам како претходно. Се гледа дека Ферари доби на брзина одкако го подобрија моторот, а ова за нив е секогаш добра стаза. Едвај ја чекам трката“ – рече Хамилтон.