Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Луис Хамилтон имаше уште една трка за заборав. Овојпат заврши на шестото место, а за сè е виновен ударот со мрмотот.
Седумкратниот светски првак, кој воедно е и голем љубител на животни, рече дека настанот многу го погодил.
Случајно, за време на 13-тиот круг од трката во Монтреал, удрил мрмот, што предизвикало значителна штета на подот на неговиот болид.
Хамилтон, кој до тој момент одржуваше солиден ритам, рече дека од тој настан ситуацијата се повеќе се комплицирала.
“Бев прилично задоволен до тој момент. Добро стартував, ја одржував позицијата и сè беше под контрола. Чувствував оптимизам”, изјавил Хамилтон за Sky Sports F1.
“Не забележав кога се случи тоа, но подоцна слушнав дека сум удрил мрмот. Тоа ме скрши. Сакам животни и ми е жал. Едноставно е страшно. Никогаш порано не ми се случило ова тука.”
Фото: Принтскрин
.