Хамилтон почнал да размислува за пензија!?


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Луис Хамилтон сè уште ја бара вистинската форма во Ферари, а службеникот на ФИА, Дерек Ворвик смета дека седумкратниот шампион веќе може да размислува за крајот на кариерата. По лошиот настап во Шпанија, многумина се прашуваат дали преминувањето во Ферари беше вистинската одлука за британскиот возач.

Дерек Ворвик во разговор за Плејмо го изнесе своето мислење за формата на Хамилтон и за сегашната ситуација.

„Не знам зошто Луис Хамилтон не може да се раздвижи во Ферари. Тоа навистина е енигма”, рече Ворвик.

Ворвик отворено признава дека би сакал да го види Хамилтон како повторно победува и се бори за титула.

„Дали сакам да Луис повторно победува и да гони титула? Апсолутно. Тој тоа го заслужува. Го заслужува тој осми титула.”

Но, исто така, се сомнева дека тоа може да се случи оваа сезона.

„Тоа нема да се случи оваа година, и ако работите продолжат вака, се сомневам дека веќе размислува за пензија“, кажа тој.

Фото: Принтскрин