Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Луис Хамилтон (40) не се наоѓа на добро само на патеката, освен што се мачи во својата прва сезона во Ферари, сега има уште еден проблем.
Неговиот ланец на вегански бургер ресторани што го започна со глумецот Леонардо ДиКаприо сега е затворен, и како последица на тоа, отпуштени се 150 луѓе, потврди „ЕСПН“.
Легендарниот Хамилтон, возач на Формула 1, го лансираше “Neat Burger” во 2019 година и во една фаза имаше осум локации низ Лондон, но постепено ги затвораше рестораните, а на крајот на месецот ќе дојде ред и на последниот ресторан. Најпрво „Сан“ објави дека фирмата со седиште во Лондон, за која тврдат дека е прва меѓу ланците на вегетаријански хамбургери, е намалена поради големите загуби во 2023 година.
Фото: Принтскрин