Хамилтон се пожали: Болидот на Мерцедес не е толку доминантен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луис Хамилтон тврди дека Мерцедес нема да доминира оваа сезона како што тоа беше случај во претходните години.

Од 2014 година Хамилтон и Мерцедес доминираат во Формула 1, но најдобриот возач во светот тврди дека повеќе нема најбрз болид.

„Во моментов не сме најбрзи и пред нас се тешки прашања: Како да работиме заедно? Како да стигнеме таму каде што сакаме. Мене ме радува предизвикот што повторно ќе видиме некои тимови од блиску. Мислам дека тоа ќе биде одлично за навивачите“, вели Хамилтон.

На тестовите пред почетокот на сезоната Ред Бул делуваше многу подобро од Мерцедес, но останува да видиме тоа како ќе се одвива на трките.