Хамилтон ја освои првата пол-позиција во боите на Ферари (Фото)


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Квалификациите за спринт за Големата награда на Кина донесоа многу возбуда, а Луис Хамилтон успеа да стигне до врвот по фантастичниот последен круг.

Луис Хамилтон ја освои спринт пол-позицијата во Кина, надминувајќи го ниту помалку ниту повеќе Макс Верстапен за само 0.018 секунди. Трет заврши Оскар Пиастри, додека зад него по ред беа Чарлс Леклер и Ландо Норис.

Квалификациите за спринт во Кина донесоа многу возбуда, а веќе во првиот дел (SQ1) видовме неколку изненадувања. Сите возачи излегоа на патеката со средни гуми, а по првите брзи кругови, двојката на Ферари го држеше врвот на поредокот пред Макс Верстапен.