Хансен ќе ја продолжи кариерата во неговата татковина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Микел Хансен ја изненади ракометната јавност откако „ТВ2 Спорт“ објави дека ракометарот се враќа во Данска, односно ги напушта редовите на ПСЖ.

Најдобриот ракометар во Европа потпишал договор со Алборг, а повеќе детали ќе бидат објавени во следните денови, а наводно Алборг ќе му се приклучи во 2022 година.

Хансен пред да потпише за ПСЖ, играше за Копенхаген, а сега ги изненади сите со враќањето во татковината, со оглед на тоа дека уште не ја освоил Лигата на шампиони.

Од друга страна, Хансен со Данска ги освои сите можни трофеи.