Хансен нема да игра на СП ако има публика на трибините!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите ракометари во светот, Микел Хансен кажа дека нема да игра на Светското првенство во Египет, ако некои работи не се средат пред почетокот на натпреварувањето.

Хансен порача дека не може да разбере зошто тој и неговите колеги мора да бидат во изолација, додека на трибините се планира да се најдат околу 5.000 гледачи по натпревар.

„Не смее да има навивачи, која е поентата ние да бидеме изолирани, да патуваме со посебни автобуси и со маски, а потоа да излеземе и да играме пред толку публика!? Сериозно ќе размислам дали воопшто ќе играм на Светското првенстви, јас не сум единствен на кого ова му е глупаво“, кажа Хансен.