Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Барселона славеше против Жирона, а Ханси Флик така постави еден голем рекорд како тренер на каталонскиот великан.
Барселона во рамките на 29. коло од шпанската Примера славеше со резултат 4:1 против Жирона.
По еден центаршут од слободен удар, Крејчи постигна автогол и Барселона ја презеде предноста пред крајот на првото полувреме.
На почетокот на второто полувреме, Жирона изедначи од една од ретките шанси на овој натпревар. Арнаут Данјума убаво погоди од врвот на казнениот простор.
Во 61. минута стативата ја погоди Ерик Гарсија, за потоа Роберт Левандовски неколку моменти подоцна да донесе ново водство за Барселона.
Полјакот со вториот гол во 77. минута го реши прашањето за победникот на овој натпревар, а конечниот резултат го постави Торес во 86. минута.
Така, Барселона по непотполното 29. коло има 66 бодови и се наоѓа на првото место со три бода повеќе од Реал Мадрид и шест повеќе од Атлетико.
Освен важната победа во битката за титулата на шпанскиот првак, поставен е и голем рекорд на Барселона.
Ханси Флик стана единствениот тренер во историјата на Барселона под кој екипата постигнала 139 голови на 45 натпревари, а на 35 натпревари постигнала четири или повеќе погодоци.
No team in Barcelona’s 𝐇𝐈𝐒𝐓𝐎𝐑𝐘 had scored 139 goals in 45 matches…
— Managing Barça (@ManagingBarca) March 30, 2025
…until Hansi Flick arrived — scoring 𝐌𝐎𝐑𝐄 than 4 goals in 35 of those matches. 🤯 pic.twitter.com/JDEKzDH6cM