Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
На патеката Балатон во Унгарија се случи драматична ситуација за време на викендот во МотоГП, која повторно го отвори прашањето за безбедноста.
За време на квалификациите, KTM на Педро Акоста ја изгуби контролата во осмиот свиок и одлета во чакалот, а моторот, откако го пушти возачот, буквално летна кон камерите покрај патеката.
Снимателот за делови од секунда успеа да избегне директен удар, што го направи целиот настан уште пострашен бидејќи се одигра пред полни трибини.
Инцидентот ги шокираше сите присутни, но и предизвика жестоки расправи меѓу возачите и експертите кои веќе со денови предупредуваат дека „Балатон паркот не е за МотоГП“.
Фото: Принтскрин