Хаос на „Олд Трафорд“: Сè повеќе фудбалери му вртат грб на Тен Хаг


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Манчестер јунајтед е во лоша форма на почетокот на сезоната, а тренерот Ерик Тен Хаг се соочува со дополнителни главоболки затоа што дел од фудбалерите му го свртеле грбот поради ситуацијата со Џејдон Санчо.

Фудбалерите не заборавиле и дека Тен Хаг го избрка Кристијано Роналдо од екипата, а сега се плашат дека истото ќе му се случи на Санчо.

„Играч на Манчестер јунајтед ми кажа дека сите зборуваат дека се како да немаат тренер. Тие се вознемирени поради односот на Тен Хаг кон Роналдо и Санчо“, вели поранешниот фудбалер Али Мекоист.

Тен Хаг веќе втора сезона е на „Олд Трафорд“, но резултатите се под очекувањата на раководството на тимот.