Хаос на СП: „Заробени“ Уругвајци лути на ФИФА!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Уругвај (AUF) ја обвини ФИФА за компликации и повеќечасовно доцнење на патувањето на репрезентацијата кон САД, каде што ги очекува првиот натпревар на Светското првенство.

Уругвај требаше да отпатува од Канкун кон Мајами, но летот, според наводите од Уругвај, наишол на административни проблеми поради кои авионот не добил дозвола за влез во САД.

Поради тоа беше организиран нов лет, што ги изменило плановите за патување и доведе во прашање оптималната подготовка на тимот.

Репрезентацијата на Уругвај требаше во првото коло од групната фаза да се сретне со Саудиска Арабија во Мајами во понеделник во 18 часот по локално време, но стигнаа во САД дури околу 24 часа пред натпреварот.

AUF во официјалното соопштение наведе дека дошло до проблеми „надвор од нивната контрола“, и дека новиот термин за поаѓање бил определен во координација со ФИФА.

Подоцна, од AUF потврдија дека одговорноста за доцнењето ѝ се припишува на ФИФА, додека светската куќа на фудбалот ги отфрли обвинувањата и наведе дека проблемот настанал поради грешка на авио-компанијата при издавање на дозволите.

Во официјалниот одговор, ФИФА соопшти дека дошло до „оперативна грешка на авиокомпанијата“ и дека организацијата била во постојан контакт со уругвајската делегација за да се намалат последиците од доцнењето.