Хаос во Барселона: Кој ќе игра во недела против Мајорка?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона по кратката зимска пауза во недела треба да игра на гостување против Мајорка, а каталонскиот гигант е фаворит, но тренерот Чави има проблеми со фудбалерите.

Ковид-19 веќе неколку дена прави хаос во соблекувалната на Барселона, а постојано се зголемува бројот на позитивни случаи во екипата.

Каталонскиот тим вчера потврди дека се заразени Осман Дембеле, Гави, Самуел Умтити, Дани Алвеш, Алехандро Балде, Жорди Алба и Клемен Ленгле.

Сепак, на проблемите им нема крај во Барселона затоа што тимот потврди дека и утрово стигнале неколку позитивни резултати на коронавирус.

Барселона потврди дека на новото тестирање позитивни биле Сержињо Дест, Филипе Кутињо и Ез Абде, а ова е дополнителна главоболка за тренерот.