Хаос во Билбао: Нападнати навивачи на Атлетико Мадрид (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот медиум „Марка“ објави дека околу 60 навивачи на Атлетик Билбао нападнале неколку навивачи на Атлетико Мадрид кои биле во локален ресторан.

Сопругата на еден од навивачите на Атлетико Мадрид откри низ каков пекол минале фановите на гигантот.

„Сè беше лошо организирано. Атлетик нè извести дека нема посебно место за паркинг за автобуси со навивачи и ни кажаа дека секој може да оди низ градот каде што ќе посака, но ние знаевме дека тоа е стапица. Не разбираме. Што требаше да правиме, да ги известиме сите дека сме во локалот, дека сме нападнати? Тие влегоа со цел да нè убијат, не добивме никаква помош“, вели таа.