До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Само пред осум месеци Челзи го победи ПСЖ во финалето на СП за клубови и навести големи работи, но сега ситуацијата е, во најмала рака, алармантна.
Енцо Мареска повеќе не е тука, а малкумина веруваат дека Лијам Росениор е подготвен да издржи големи притисоци и соработка со управата на клубот.
Како што се очекуваше, веќе кружат гласини дека управата ќе му „суди“ на крајот од сезоната врз основа на резултатите, кои во овој момент не се ветувачки. ПСЖ славеше во двомечот со вкупен резултат 8:2, додека поразот од Њукасл, Челзи ја искомплицира и борбата за пласман во Лигата на шампиони.
Сепак, Росениор имаше подготвен одговор на критиките.
„Екипата одигра повеќе од 100 натпревари во 18 месеци, без вистински одмор. Тоа не е изговор, туку последица од освојувањето на СП за клубови. Морам да донесам многу тешки одлуки кои можеби нема да изгледаат како правилни. Сè уште сме во игра за трофејот во ФА купот”, рече Росениор.
Дополнителен проблем за Челзи е и малку чудната изјава на капитенот Енцо Фернандез по поразот од Челзи. Аргентинецот јавно рече дека не може да гарантира дека ќе остане во клубот и наредната сезона.
„Не знам дали ќе бидам тука и наредната сезона. Имаме уште осум натпревари и ФА купот. Потоа доаѓа Светското првенство, па ќе видиме”, рече капитенот на Челзи.
И на тоа мораше да одговори Росениор на прес-конференцијата.
„Не ја видов неговата изјава. Тешко ми е сега да одговарам на такви шпекулации, веднаш по натпреварот. Сакам да се фокусирам на најважната работа во моментот, а тоа е да постигнеме што подобар резултат за викендот против Евертон“, истакна Росениор.















