Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус пред неколку дена доживеа нов шок во Лигата на шампиони (ЛШ), откако загуби со 0-3 од Виљареал на домашен терен и испадна од осминафиналето.
По елиминацијата на Јувентус почнаа проблемите во соблекувалната и атмосферата не е најдобра, а ситуацијата ескалирала на еден од последните тренинзи.
„Газета дело Спорт“ објави дека Хуан Квадрадо и Пауло Дибала од тренерот побарале да го намали интензитетот на тренинзите, а тоа го налутило Алегри, кој му се развикал на Аргентинецот.
„Ти ли најде да поставуваш таков услов?“, наводно биле зборовите на Алегри испратени кон Дибала.
Аргентинецот минува низ тежок период и не сака да го продолжи договорот со Јувентус, па на крајот на сезоната најверојатно ќе си замине бесплатно.