Хаос во Мадрид: Четири ѕвезди му го свртеа грбот на Анчелоти


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид се соочува со нови проблеми за време на репрезентативната пауза, а причина се изјавите кои ги давале дел од фудбалерите.

„Марка“ пишува дека четири фудбалери му свртеле грб на тренерот Карло Анчелоти, односно не биле задоволни од неговиот однос.

Наводно тие ѕвезди се Родриго, Лука Модриќ, Орелиен Чуамени и Едуардо Камавинга, кои се пожалиле дека Анчелоти не ги користи на нивните позиции.

Посебно незадоволен е Модриќ, кој разговарал со Анчелоти поради слабата минутажа и наводно најавил дека ќе си замине во јануари ако не се промени нешто во следниот период.

Родриго, исто така, не е задоволен затоа што игра како напаѓач, откако на 11 натпревари постигна само еден гол.